Скандал во Албанија - избоден тренер на прволигашки тим
Непознат напаѓач, од засега непознати мотиви, му се доближил на Џока и му нанел неколку убоди со нож, по што стратегот бил префрлен во болница.
Луѓето кои живеат во овој град, но и целокупната фудбалска јавноста во Албанија се шокирани од овој инцидент.
Одамна не се памети ваков скандал во земјата каде фудбалот во изминативе години доживеа експанзија, по историскиот пласман на Скендерберг во Лигата на Европа.
Полицијата сѐ уште трага по напаѓачот, а случајот детално се испитува. Засега нема информации за здравствената состојба на Ернест Џока.
Goditet dhe kercenohet me thike traineri i Vllaznise Ernest Gjoka pic.twitter.com/ZF1hZYSDyP
— ShkodraWeb (@ShkodraWeb) February 22, 2018