Ѓоковиќ го дозна терминот во кој ќе се бори за четвртфинале на Ролан Гарос

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ в понеделник ќе се бори против Камерон Нори за пласман во четвртфинале на Ролан Гарос, а организаторот објави дека мечот ќе се игра од 15 часот.

Ѓоковиќ ќе се обиде по 19. пат во кариерата да се пласира во четвртфинале на гренслем-турнирот, меѓутоа пред себе го има ривалот од Велика Британија против кого се соочи пет пати во кариерата и успеа да запише пет триумфи.

Организаторот одреди дека Ѓоковиќ и Нори ќе излезат на теренот „Филип Шатрие“ од 15 часот.

Фото: EPA PHOTO