Експресен нокаут во Белград: Популарниот „психо“ раскрвари Италијанец за 39 секунди! (ВИДЕО)

Црногорскиот ММА борец Васо „Психо“ Бакочевиќ стигна до експресна победа на боречкиот спектакл што кој се одржува вечерва во белградската Арена, совладувајќи го Димитрио Анџелини од Италија за само 39 секунди.

Италијанскиот борец тргна агресивно, но еден момент на невнимание скапо го чинеше. Бакочевиќ во вистински момент со еден контра удар незгодно го повреди, по што судиите ја прекинаа борбата и го прогласија Црногорецот за победник со технички нокаут.