
Не се случи чудо, Наполи го освои Скудетото во Италија! (ВИДЕО)
Вечерва се решаваше Скудетото во Италија, а тоа му припадна на Наполи, Интер чекаше кикс на тимот на Конте, но не го дочека.
Каљари даваше отпор до 42. минута кога Мектоминеј со прекрасен погодок со ножички погоди за водство на Наполи од 1-0.
По шест минути игра во вториот дел Лукаку ја покажа физичката моќ и постигна одличен гол за водство од 2-0, што беше и конечен резултат.
По последниот судиски свиреж почна големата радоста на Наполитанците за новото Скудето.
Интер со голови на Де Вриј и Кореа дојде до триумф од 2-0 на гостувањето кај Конте, но оваа победа не им донесе ништо. Тие чекаа и кикс на Наполи.
На крајот од сезоната Наполи освои 82 бода, а Интер 81.