
Ливерпул добил зелено светло од Вирц, сега преговара со Леверкузен!
Црвените ги договориле личните услуги со фудбалерот, а сега испратиле и формална понуда до Баер Леверкузен.
Се шпекулира дека сумата која ќе треба да ја плати Ливерпул за да го добие Вирц е 150 милиони евра, но со преговорите меѓу двата клуба таа може да биде и намалена.
Се верува дека преговорите ќе бидат успешни и нема да траат долго. Нема овој трансфер да се претвори во долга сага.
Баер Леверкузен има интерес Вирц да се пресели во Ливерпул бидејќи така Баерн Минхен би отпаднал од конкуренција и нема да го засилат својот ривал од Германија.