
Најголемата грешка на Пеп може да се врати на Островот и тоа - во Ливерпул!
Фудбалерот што никогаш не требаше да си замине од „Етихад“ би можел веќе наредното лето да се врати на Островот, но не во Манчестер сити, туку на „Енфилд“. И тоа во како фудбалер кој би можел да имал голема важност во системот на Арне Слот.
Алварез оваа сезона играше одлично во Шпанија и беше еден од клучните фудбалер на Атлетико Мадрид, обидувајќи се да го одржи тимот во живот во битката со Барселона и Реал. Но, и покрај неговите напори, тимот не стигна до врвот.
Сега, Ливерпул ја испитува ситуацијата, но сигурно дека многу работи ќе зависат од тоа колку новиот англиски шампион е подготвен да плати за Алвараз за кого сигурно ќе има и други понуди.
Во редовите на Атлетико, Алварез пристигна минатото лето во трансфер вреден 82 милиони евра.
Фото: Manchester City/FB