Вардар беше подобар противник, не создаде премногу прилики, меѓутоа имаше иницијатива и искористи две за голем триумф.

Херојот беше Михаил Талевски кој прво во 26 минута имаше и малку среќа, па по едно нафрлување со колено ја смести топката во мрежата на Струга. Со предност од еден гол избраниците на Гоце Седлоски заминаа на полувремето.

Ако при првиот гол го посака среќата, Талевски со вториот направи речиси се сам и по еден слалом со одличе удар во 49. минута обезбеди водство од 2-0. Во продолжение од натпреварот Струга пропушти две големи прилики преку Кехинде, можеше и Вардар да постигне трет гол, нно резултатот не се промени.

Освен што го освои трофејот, Вардар со оваа победа обезбеди и место во квалификациите за Конференциската лига.