Барселона со последната одлука му го скрши срцето на Нејмар

Шпанскиот шампион Барселона почна да прави планови за летниот преоден рок, а медиумите шпекулираа дека една од опциите е враќањето на Нејмар во Каталонија, меѓутоа такво нешто нема да се случи.

Управата на гигантот донела одлука да ја отфрли можност за ангажирање на Нејмар следното лето, иако Бразилецот неколку пати отворено се понуди повторно да заигра за Барселона.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година, по што во трансфер вреден 222 милиони евра се пресели во ПСЖ, а потоа го носеше дресот на Ал Хилал пред да потпише за Сантош.