Аморим во јануари сакал да си оди од Јунајтед, семејството го премислило

Рубен Аморим имаше тешки шест месеци во Манчестер откако одлучи да го напушти Спортинг Лисабон и да го преземе Јунајтед.

ЕСПН тврди дека тој бил толку разочаран од животот во Манчестер и од својата работа што во јануари сакал да си замине оттаму и да се врати дома. Во тој период, португалскиот стручњак имаше само една победа на осум натпревари, па дури и навивачите кренаа раце од него иако два месеца претходно беа восхитени од неговото доаѓање.

Клучна улога во одлуката, сепак, да остане имало семејството на Аморим кое успеало да го премисли. Освен тоа, иако Португалецот формално не поднел оставка, извршниот директор Омар Берада го уверил дека ја има потребната поддршка од менаџментот во клубот.