
Јокиќ оди на одмор: Оклахома во мајсторката го прегази Денвер!
Добро започна Денвер и во почетните минути брзо дојде до двоцифрена предност од 18-8, Оклахома до крајот на првата четвртина дојде до „минус пет“ (21-26).
На крајот таа прва четвртина се покажа и најдоброто од Денвер во овој натпревае е во продолжение беше во знакот на најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната, Со подобрата игра Оклахома брзо направи пресврт и на полувремето замина и со 14 поени предност (60-46).
Каде што застанаа на крајот од првиот дел таму продолжија домаќините во вториот дел. Предноста растеше од минута во минута и Јокиќ и друштвото беа немоќни сериозно да се заканат.
Во последната четвртина Оклахома влезе со 24 поени предност, а изгледаше и како Денвер тука веќе да се откажа па на крајот доживеа и вистински дебакл.
Шеј Гилџус Александер беше најефикасен во редовите на победничкиот состав со 35 поени, три скокови и четири асистенции, го следеше Вилијамс со 24 поени. Никола Јокиќ беше најдобар кај Денвер со 20 поени, девет скока и седум асистенции, но тоа не беше доволно.
Оклахома во полуфиналето ја чека пресметка со Минесота која претходно го елиминираше Голден стејт.
Фото: Oklahoma City Thunder/FB