Драма во Серија А: Интер и Наполи ќе решаваат во последното коло (ВИДЕО)

Вистанска драма се случуваше во италијанската Серија А вечерва во битката помеѓу Интер и Наполи за Скудетото, а на крајот се остана како и пред ова претпоследно колоИтер одигра 2-2 против Лацио, додека Наполи ремизираше 0-0 против Парма.

Ситуацијата во самата завршница неколку пати се менуваше, Интер постигна и гол во последните секунди за 3-2, но тој беше поништен поради недозволена позиција. Од друга страна во Парма Наполи доби пенал кој по реакција на ВАР се поништи, па и резултатот остана непроменет.

Бисек во судиското продолжение од првиот дел постигна гол со кој домаќините имаа предност на паузата. Лацио во вториот дел преку Педро во 72. минута успеа да израмни на 1-1, но Дамфрис на десет минути до крајот стрелаше за „злато“ ведни три бода на својот тим.

На десет минути пред крајот Дамфрис одново го доведе Интер во предност, за Педро потоа да израмни на 2-2.

Причина за славје вечерва имаат навивачите на Јувентус кој со поебда против Удинезе од 2-0 дојде на чекор од обезбедување на четвртата позиција која носи во Лигата на шампионите што ако се погледне како играше Јувентус сезонава е добар пласман.

Рома која под водство на Клаудио Раниери се препороди и од долниот дел на табелата дојде до битка за место во европката елита вечерва го совлада Милан со 3-1, меѓутоа во последното коло ќе биде во битка со Лацио за Лигата на Европа. „Волчицата“ ќе биде во „пол-позиција“ и ќе зависи самата од себе.

СЕРИЈА А 37. КОЛО:

Рома - Милан 3-1

Каљари - Венеција 3-0

Фиорентина - Болоња 3-2

Интер - Лацио 2-2

Јувентус - Удинезе 2-0

Лече - Торино 1-0

Монца - Емполи 1-3

Парма - Наполи 0-0

Верона - Комо 1-1