Лудо е во Хрватска: Динамо пак киксна, Риека утре може на Пољуд да стане шампион

Динамо Загреб направи огромен кикс во претпоследното коло од Првата лига на Хрватска откако вечерва ремизираше кај градскиот ривал Локомотива (1-1).

Евентуална победа ќе го однесеше актуелниот шампион на првото место на табелата и утре ќе очекуваше пораз или реми на Риека во Сплит. Да биде иронијата поголема, Динамо направи кикс на Максимир бидејќи поради реновирањето на стадионот на кој игра Локомотива, денешниот натпревар се играше на најголемата арена во Загреб.

Сега Риека има шанса утре на Пољуд официјално да стане шампион на Хрватска што значи дека на Динамо му е очајно потребна помош од својот најголем ривал за да остане во игра за трофејот иако и тоа нема да има големо значење бидејќи претстои последното коло во ќе влезе како второпласиран. Риека има подобар биланс во меѓусебните дуели со Динамо и во случај на ист број бодови на крај, ќе ја освои шампионската титула.

 

Standings provided by Sofascore