Легендата на бразилскиот фудбал итно хоспитализиран - имал сериозни изгореници!

Легендарниот бразилски фудбалер Лусимар Фереира да Силва, познат како Лусио, бил хоспитализиран во болница во Бразил откако се здобил со изгореници во несреќа во неговиот дом. 

Светскиот шампион од 2002 година заработил изгореници на неколку делови од телото, но според последните информации од болницата, неговата состојба е стабилна и тој е свесен и под постојан медицински надзор.

Инцидентот се случил во четвртокот, а 47-годишниот поранешен дефанзивец на бразилската репрезентација, веднаш бил пренесен во приватна болница во главниот град на Бразил.

И покрај сериозноста на повредите, Лусио пристигнал во болницата свесен, по што бил сместен на одделот за интензивна нега, каде што лекарски тим внимателно ја следи неговата здравствена состојба.

Болницата во Бразилија објави официјално соопштение во кое потврди дека состојбата на Лусио е стабилна, но тој и во наредните денови ќе остане под надзор на докторите.

Фото: EPA PHOTO