
Историски катастрофална сезона за Јунајтед - првпат ќе заврши без две победи во низа
Првпат во овие 33 години, „ѓаволите“ ќе завршат без да остварат две лигашки победи по ред. За волја на вистината и немаа многу триумфи, само десет, но ниеднаш тоа не го направија два пати во низа. По вчерашниот пораз од Челси на Стемфорд Бриџ, станува јасно дека тоа нема да се случи ни во последното коло од Премиер лигата. Јунајтед е без победа веќе осум натпревари во англиското првенство што, исто така, е историски лош ефект на овој тим.
Сламката за спасот на сезоната тимот од Олд Трафорд ја бара во Лигата Европа каде стигна до финалето и во него ќе игра против Тотнем. Евентуален неуспех и таму ќе значи тотален дебакл за „до вчера“ најтрофејниот клуб во Англија.