
Играше за Манчестер Јунајтед, сега преку Комунистичката партија се обидува да влезе во Парламентот
Играше во некои од најдобрите европски клубови, најмногу време помина во Манчестер Јунајтед (8 години), а во пензија замина лани од португалскиот клуб Амадора. Една година подоцна, Нани влегува во политиката и тоа преку Комунистичката партија на Португалија.
Утре во оваа пиринејска држава се одржуваат вонредни парламентарни избори, а Нани се наоѓа на списокот на кандидати од Комунистичката партија. Досега оваа организација имаше четири места во Парламентот на Португалија, едно во Европскиот парламент и 18 претседатели на општини што значи дека не е некоја од најсилните во земјата.
Во Парламентот на Португалија има 230 места, а Нани се надева дека ќе успее да заземе едно од нив и по фудбалската, ќе почне и политичка кариера.