
„Никола Јокиќ е гениј – убедливо е најтежок за чување во НБА!“
Гостувајќи во подкастот на поранешниот кошаркар Патрик Беверли, Кеслер, кој важи за еден од подобрите дефанзивци во лигата, истакна дека е речиси невозможно да се спречи влијанието на Јокиќ на теренот.
„Мислиш дека играш добро против него, а потоа ја погледнуваш статистиката – има 10 поени, 12 скокови и 20 асистенции, а само 10 шутеви во текот на целиот меч. Тешко е да се чува, а начинот на кој ја чита играта... Тој е генијалец, навистина“, рече Кеслер.
„Џезерот“ продолжи со пофалби за начинот на кој Јокиќ го контролира ритамот на играта и го наметнува својот стил.
„Неверојатен е начинот на кој манипулира со играта. Ние сме млада екипа, но мислам дека и поискусни тимови би паднале во истите замки. Јокиќ ги тера нашите млади играчи да реагираат токму онака како што тој сака, додека во исто време го проигрува Арон Гордон со ‘бекдор’ додавање или нешто слично“, додаде кошаркарот на Јута.
Иако е познат по својата способност да блокира шутеви, Кеслер призна дека Јокиќ е речиси невозможен за блокирање.
„Има извонредна контрола врз топката и знае како да го избегне контактот. Тоа го прави уште потежок за чување“, заклучи тој.