
Како да се од Балканот: Холандски клуб нема да игра во Европа поради бизарна грешка
Како што пренесува „Би-Би-Си Спорт“ тимот од Ередивизие заборавил да ја поднесе навреме апликацијата за УЕФА лиценца, документ без кој настапот во европските купови е невозможен. Крајниот рок за поднесување бил 8 април, а од клубот едноставно задоцниле.
Со оваа грешка, Фортуна автоматски останува без право на учество во европските натпреварувања во сезоната 2025/26, без разлика на тоа дали ќе обезбеди пласман преку табелата.
Навивачите се разочарани од оваа административна грешка, а од клубот сè уште нема официјална изјава или објаснување како дошло до таков превид, особено во момент кога тимот конечно бележи стабилни резултати и има реална шанса да се избори за европски настап.
Фото: Fortuna Sittard/X