Eдна од најубавите актерки ги разочара во Милано: ПСЖ ќе ја освои ЛШ

Познатата американска актерка Натали Портман има јасна прогноза за претстојното финале на Лигата на шампионите, кое ќе се игра на 31 мај во Минхен и смета дека ПСЖ ќе биде победникот во најелитното европско натпреварување.

ПСЖ во финалето го чека Интер, а како што вели Портман нејзиниот син ѝ објаснил зошто францускиот гигант има предност.

„ПСЖ ќе го освои трофејот. Тимот е подобар од кога било. Сè што знам за фудбал ме научи мојот син и тој вели дека по заминувањето на големите ѕвезди, тимот на ПСЖ е одлично поставен многу подобро од претходно. Јас, се разбира, сум навивачка на ПСЖ, изјави Портман.

Портман, освен што е добитничка на Оскар за најдобра женска улога во филмот „Black Swan“, е позната и по улогите во филмовите „Léon“: „The Professional“, „V for Vendetta, Star Wars“ и „Thor.“ Таа е и дипломиран психолог од Харвард, со активна улога во општествените и политичките прашања.

Но, љубовта кон фудбалот не ѝ е непозната. Портман е ко-сопственичка на женскиот фудбалски клуб од САД Анџелес ФК, заедно со други холивудски ѕвезди како Америка Ферера, Софија Буш и Ева Лонгорија.

Фото: PSG/FB