Македонија ги дознава противниците на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија на денешната ждрепка со почеток во 19 часот ќе ги добие своите противници за првата фаза од Европското првенство кое ќе се одржи во јануари 2026 година во три скандинавски земји, Шведска, Данска и Норвешка.

Ждрепката ќе се одржи во Хернинг, Данска  и ќе ја формира сликата на групите за претстојниот континентален собир. Освен што ќе дознаеме кои ќе бидат нашите ривали, ќе се одлучи и каде точно ќе игра Македонија. Опциите се Херниг во Данска, Малме или Кристијанштад во Шведска и Осло во Норвешка бидејќи во овие градови ќе бидат распределени сите групи. 

Данска, како ко-домаќин, ќе биде носител на групата Б во Хернинг, Германија ќе биде дел од групата А, исто така во Хернинг, а Шведска ќе ги дочека натпреварите од групата Е во Малме. Од вториот шешир, Норвешка ќе игра дома во Осло во групата Ц, Фарските Острови се веќе дел од групата Д, исто така во Осло, додека Исланд ќе настапи во Кристијанштад како дел од групата Ф.

Нашата репрезентација се наоѓа во третиот шешир, заедно со селекциите на Австрија, Холандија, Чешка, Полска и Црна Гора. Тоа значи дека со овие екипи нема да се сретнеме во групната фаза, барем не во првата рунда.

Барабан 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија.

Барабан 2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови.

Барабан 3: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Македонија.

Барабан 4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија.