
Голден Стејт елиминиран, Бостон продолжува да се бори (ВИДЕО)
Минесота славеше четврти пат во низа, сега со 121-110 и со 4-1 и втора сезона по ред ќе игра во финалето на Западот. Вулфс не само што немаа проблем, туку целата работа беше завршена во третата четвртина во која водеа и со 25 поени разлика (93-68). Џулиус Рендл постигна 29 поени и 8 скока, Едвардс додаде 22 поена, 12 асистенции и 7 скока и тие се најзаслужни за победата во овој меч. Подзиемски и Куминга го предводеа Голден Стејт со 28, односно 26 поени.
Во полуфиналето на Истокот, Бостон Селтикс ја спаси првата меч-топка на Њујорк Никс и намали на 2-3. Без својата прва ѕвезда Џејсон Тејтум за кого заврши оваа сезона, Селтикс го одиграа најдобриот натпревар и победија со 127-102, но ќе мора да продолжат во ист стил ако сакаат да ја одбранат шампионската титула. Отсуството на Тејтум го надополнија Дерик Вајт и Џејлен Браун кои го одиграа најдобриот натпревар во серијата, постигнувајќи 34, односно 26 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=GMA8__hCBZw
Отпорот на гостинскиот тим беше скршен во второто полувреме кое Бостон го доби со 68-43 и тука, всушност ја направи разликата откако првите 24 минути завршија нерешено (59-59). Најголемата шанса за пласман во конференциското полуфинале, Њујорк ќе ја има на шестиот натпревар што го игра на домашен терен, а ако успее да слави, ќе се сретне со Индијана која беше подобра од Кливленд.