Уште еден поранешен европски шампион ќе игра во АБА лигата

Покрај Партизан и Цибона, од идната сезона во АБА лигата ќе учествува уште еден некогашен европски шампион.

Во „мајсторката“ одиграна вечерва во Скендерија во Сараево, пред рекордни 8.600 гледачи, Босна триумфираше со 88-74 против Илирија од Љубљана и по 15 години обезбеди пласман во јадранската елита. Последен пат, сараевскиот тим играше во јадранската елита во сезоната 2009/10 кога го освои претпоследното место, но поради низа проблеми подоцна се откажа од учеството во неа, се досега.

По долго време, БиХ ќе има два претставника во регионалното натпреварување, бидејќи Босна ќе ѝ се придружи на Игокеа која веќе има долг стаж во АБА лигата.