Вирц заедно со родителите бил во Англија за да договори спектакуларен трансфер!?

Германските медиуми во изминатите денови објавија дека Флоријан Вирц се договорил со Баерн Минхен, по што се појавија шпекулации дека Германецот заминал во Англија да се запознае со тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, меѓутоа „Билд“ сега носи поинаква приказна.

Талентираниот фудбалер привлече голем интерес на европските гиганти со неговите настапи во Баер Леверкузен, па сè појасно е дека ќе си замине во текот на летниот преоден рок, а како негова следна дестинација се споменува Ливерпул.

„Билд“ открива дека Вирц заедно со родителите со приватен авион бил во Ливерпул на состанок со управата на премиерлигашот за да ги договорат условите за договорот.

Ливерпул најверојатно ќе мора да плати 150 милиони евра за услугите на Вирц, колку што изнесува откупната клаузула во неговиот договор со „фармацевтите“.

Фото: Facebook/Bayer 04 Leverkusen