Потврдено првото летно засилување за Јувентус!

Екипата на Јувентус постигнала договор за трансфер на младиот Шејн Ван Ерл од редовите на Ејндховен, потврди холандскиот клуб.

Станува збор за фудбалер кој неодамна наполни 18 години и е член на холандскиот второлигаш, но се уште не дебитирал во сениорскиот фудбал.

Јувентус со овој потег потсети на искуството со Дин Хујсен кој денес настапува за Бормут. Младиот Холанаѓанец на 16 години од Мала се пресели во Торино каде што се задржа три години, а потоа Бормут го купи за 15 милиони евра. Денес тој е мета на неколку европски гиганти кои се борат за неговиот потпис.

Ван Ерл е репрезентативец на Холандија до 19 години.

„Понекогаш нештата можат да се случат многу брзо и Шејн е доказ за тоа. Ако можеш да играш толку стабилно и зрело на 18 години, интересот од големите клубови доаѓа сам по себе. Му понудивме план за продолжување на неговиот престој во Ајндховен, но кога клуб од калибарот на Јувентус се појавува, ја разбираме неговата одлука. На крајот, можеме да бидеме горди на Шејн и на нашата академија“, изјави директорот на клубот Марк Шеперс.