Ниту Баерн, ниту Манчестер сити: Вистината за Вирц е сосема поинква!

Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро ги демантираше најавите дека нивниот најдобар фудбалер, Флоријан Вирц се договорил со Баерн Минхен.

Најпознатиот германски весник „Билд“ претходно објави дека Баер прифатил понуда од 150 милиони евра за Вирц кој има договор до 2027 година. Но, сега Каро вели дека таквите информации не се точни.

„Знам дека тоа не е вистина и навистина е иритантно да се читаат вести за кои самите знаете дека се далеку од вистината. Секако дека Флоријан може да размисли за својата иднина, но ние не сме запознаени со ништо. Баерн може да испрати понуда во било кое време и тогаш ќе ја разгледаме. Досега немам добиено ниту една понуда, ниту од Баерн, ниту од било кој друг клуб“, изјави Каро.

Инаку, Вирц од вчера покрај Баерн на големо се поврзува и со Манчестер сити, па останува во наредниот период да видиме како се ќе се заврши.

Фото: Bayer 04 Leverkusen/X