Промена на термините: Последното коло во Првата лига ќе се одигра в сабота!

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за промена на термините за одигрување на последните кола од натпреварувањата во Првата и Втората македонска фудбалска лига поради финалето во Купот на Македонија.

ФФМ соопшти дека сите натпревари од последното коло ќе се одиграат в сабота, 17 мај, со почеток од 17 часот. Додека дуелите од Втората лига ќе се играат в недела, 17 мај, со почеток од 17 часот.

Натпреварите меѓу Воска и Шкупи, односно Вардар и Гостивар во последното коло нема да се одиграат, зашто Воска и Гостивар беа дисквалификувани, соопшти ФФМ.