ПСЖ го тужи Мбапе и бара отштета од 98 милиони евра

Продолжува војната меѓу Килијан Мбапе и ПСЖ, откако напаѓачот го напушти францускиот шампион, а потоа побара од парижаните да му исплатат 55 милиони евра затоа што му должеле плати и бонуси.

ПСЖ одби да му ја исплати сумата која ја побара францускиот напаѓач, а сега реши да го тужи и побара отштета од 98 милиони евра.

Адвокатскиот тим на францускиот гигант тврди дека Мбапе не доставил доволно докази за долгот на ПСЖ, а потоа побарал сума која не е соодветна, со што го оштетил и имиџот на шампионот, но и му нанел финансиска штета.

Мбапе го напушти ПСЖ во 2024 година кога му заврши соработката, по што потпиша за Реал Мадрид.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.