
Неочекувано: Новак Ѓоковиќ го отпушти својот пријател и тренер – Енди Мареј!
Одлуката ја соопшти самиот тенисер преку јавна објава, во која му се заблагодари на Мари за трудот и пријателството.
„Ти благодарам, тренеру Енди, за целиот напор, забава и поддршка во изминатите шест месеци, на теренот и надвор од него. Уживував во продлабочувањето на нашето пријателство“, напиша Ѓоковиќ.
Соработката меѓу Ѓоковиќ и Мари започна на почетокот на сезоната, но не донесе посакувани резултати. Прекинувањето на партнерството доаѓа во чувствителен момент, непосредно пред еден од најголемите гренслем-турнири во сезоната. Србинот, во меѓувреме, тренира со Борис Бошњаковиќ во Белград, кој му беше тренер и во поголем дел од минатата сезона, што отвора можност за продолжување на таа соработка.
ФОТО: X / @DjokerNole