Синот на Карло Анчелоти почнува самостојна тренерска кариера!

Давиде Анчелоти нема да го следи својот татко во Бразил, тој ќе почне самостојна кариера, а првиот предизвик би требало да му биде Глазгов Ренџерс.

Шкотскиот гигант веќе стапил во контакт со помладиот Анчелоти и тој е сериозен кандидат за тренерската позиција во овој клуб.

Сепак има уште неколку кандидати, па Глазгов наскоро ќе го направи изборот.

Давиде Анчелоти кој наскоро ќе наполни 36 години, му е асистент на Карло од 2016 година, кога двајцата беа во Баерн Минхен.