Томовски: Не сум само јас, сите заедно сме заслужни за овој голем успех!

Мартин Томовски беше херојот на Македонија на последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство, беше фантастичен и во Естонија и денеска против Литванија.

Нашиот голман е среќен поради новиот успех на репрезентацијата и вели дека сите ракометари се залужни што Македонија ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

„Среќен сум што го остваривме овој момент, оваа цел да се пласираме на уште едно големо натпреварување. Чест и задоволство ми е секогаш да го носам дресот на македонската репрезентација и така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на нашите момци за овој успех. Сите играме заедно, заедно победуваме, заедно губиме, ова не е момент само за мене, туку за сите заедно“, рече Томовски.

Тој знае дека нема да биде лесно на континенталниот собир, но вели дека има време дотогаш.

„Потешко е да се игра на Европско отколку на Светско но се во свое време. Најважно е да останем здрави, а дотогаш има време“.