Гарсија ја враќа Барселона во живот по двата гола на Мбапе (ВИДЕО)

Неверојатен почеток на „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, кои постигнаа три гола за 19 минути, односно „кралскиот клуб“ води со 2-1 на „Монжуик“.

Мбапе беше стрелец на два погодоци за гостинскиот состав, но Барселона почна да врши притисок и преку Гарсија погоди за 1-2 со што се врати во живот.