Монца го шокира Удинезе за прв триумф по четири месеци! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Монца непријатно го изненадија Удинезе (2-1) во 36. коло од Серија А, иако веќе немаат теоретски шанси да останат во италијанската елита.

Трите голови на натпреварот беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Капрари стрелаше во 52. минута за водство од 1-0 на Монца, а потоа Лука во 75. минута успеа да израмни на 1-1.

Удинезе со сите сили се обидуваше да стигне до втор гол, меѓутоа Монца погоди во 90. минута за конечни 2-1.

Монца е на дното со 18 бодови, додека Удинезе се наоѓа на 12. позиција со 44 поени.

Фото: Facebook/AC Monza