Ивановски го реши Киркин за победнички старт во квалификациите во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со триумф од 2-1, односно 6-3, 5-7 и 6-1 против Ерги Киркин ги почна квалификациите за турнирот во Загреб.

Првиот сет почна со лош сервис на двајцата тенисери, па никој не успеваше да го зачува гемот на свој сервис сè до шестиот гем, кога Ивановски направи исчекор и поведе со 4-2. Потоа македонскиот тенисер направи уште еден брејк и стигна до 6-3.

Во вториот сет Ивановски повторно прв направи брејк и водеше со 4-1, по што делуваше дека лесно ќе го добие сетот, но Киркин се врати и со пресврт славеше со 7-5. Македонскиот тенисер доминираше во третиот сет, каде што направи два брејка на противнички сервис и триумфира со 6-1.

Македонецот ќе се бори за пласман на главниот дел од турнирот во Загреб со победникот од мечот меѓу Башиќ и Михалски.