Миленкоски го скрати списокот со одбојкари за Златната Европска лига

Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски избра 16 репрезентативци на скратениот список на кои ќе смета за следните предизвици.

На првиот собир во Струмица, кој е закажан на 15 мај, Миленкоски ќе смета на 16 репрезентативци, меѓу кои се капитенот Никола Ѓоргиев, а остануваат и други проверени сили како што се Ѓорѓи Ѓоргиев, Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев, Тоше Ефремов и Филип Савовски.

Македонските одбојкари ги чекаат настапи во Златната Европска лига и квалификациските дуели со Грција и Грузија за место на Европското првенство (ЕП) во 2026 година.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија