Кошаркари на Партизан нападнати на улица - Џонс удрил напаѓач со шише по глава (ВИДЕО)

Четворица кошаркари на српскиот гигант Партизан биле вклучени во голем инцидент минатата ноќ. Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Ниликин биле во ноќен клуб, а по забавата застанале во одбрана на девојки кои биле во неволја.

Српските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил откако една група мажи ги навредувале девојките, по што четворица кошаркари на Партизан решиле да интервенираат.

„Ги провоцираа девојките само затоа што беа во друштво на кошаркари. Мислам дека ги навредуваа и на расна основа, односно ги прашуваа девојките што бараат со црномурести момци. Потоа излегоа од клубот и се случи хаосот“, открива сведок на настанот.

На социјалните мрежи се појави и снимка на која може да се забележи како Џонс удрил напаѓач со шише по главата, а полицијата соопшти дека две лица имаат лесни телесни повреди, додека едно има тешки телесни повреди по тепачката.