Одлучи да ги исплаши противниците, па се појави по маичка на – минус 11! (ФОТО)

Вечерва на програмата на Лигата на Европа се играат реванш дуелите од шестнаестина финале. Во Русија владее екстремен студ, а од 19:00 часот се игра мечот помеѓу Зенит и Селтик. И покрај ниските температури, фудбалерот на Селтик одлучи да се појави по маичка и така да им порача на своите противници дека студот нема да биде проблем за него.