
Работнички е домаќин на Силекс, Шкендија има тешко гостување во Струга
Силекс мора да победи во Скопје против Работнички доколку сака да ја одржи надежта за титулата.
Шкендија е на врвот со четири бода повеќе од кратовскиот тим и ако денеска победи во Струга ќе биде многу блиску до шампионскиот трофеј.
Стружани се во солидна форма, но не им се потребни бодови, тие се на четвртата позиција, ниту можат да скокнат место погоре, ниту да паднат подолу.
Во директна битка за избегнување на баражот Беса ја пречекува Брера, интересен и многу значаен ќе биде и овој дуел.
Денеска требаше да се играат уште два меча, но поради откажувањето на Гостивар, Пелстер освојува три бода, а поради откажувањето на Воска, Тиквеш носи исто така службена победа.
Вчера Вардар со 2-0 го совлада Шкупи на Чаир.
Натпреварите се играат од 16 часот.
ПМФЛ 30. коло
Денеска
Работнички - Силекс
Струга - Шкендија
Беса - Брера
Гостивар - Пелистер 0-3 (службено)
Воска - Тиквеш 0-3 (службено)
Вчера
Шкупи - Вардар 0-2