Ристовски еуфорично лудуваше со Бед Блу Бојс – се тролаа Хајдук и Торцида (ВИДЕО)

По големата победа против Хајдук на „Пољуд“ со 3-1, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го предводеше славјето што навивачката група Бед Блу Бојс го организира пред стадионот „Максимир“.

Победата не само што му го донесе врвот на табелата на загрепскиот тим на три кола пред крајот на сезоната, туку и предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите. По враќањето во Загреб доцна во ноќта, неколку стотици навивачи на Динамо ги дочекаа фудбалерите со голема бакљада и песна.

Атмосферата беше исполнета со славеничка енергија, а не изостанаа ниту провокациите кон ривалскиот клуб Хајдук и неговата навивачка група „Торцида“.

ФОТО: X / @TheCroatianLad

@slukii 💙💙 DINAMO 💙💙 ..jedna ce torcida, plakati ovu noć.. #Zagreb #dinamozagreb #dinamo #bbb #croatia ♬ original sound - slukii