Меси и Суарез одиграа фантастично, Интер Мајами им се врати на победите (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами, конечно, им се врати на победите откако ноќеска го совлада Њујорк ред булс (4-1) во натпревар од МЛС лигата.

Тимот во сопственост на Дејвид Бекам одигра убедливо и стави крај на серијата од три порази по ред, вклучувајќи и двојниот неуспех против Ванкувер во КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Лионел Меси и Луис Суарес повторно беа клучни фигури на теренот, при што двајцата постигнаа по еден погодок. За Меси, ова беше прв гол по четири натпревари пост без реализација, додека Суарес го продолжи својот ефикасен ритам. Покрај нив, во листата на стрелци за Интер Мајами се впишаа и Фафа Пико и Марсело Вајганд, кои дополнително ја потврдија доминацијата на тимот. Единствениот погодок за гостите го постигна Ерик-Максим Чупо Мотинг.

Со оваа победа, Интер Мајами има вкупно 21 освоен бод и се искачи на четвртата позиција на табелата во Источната конференција на МЛС.

ФОТО: X / @InterMiamiCF