Судијата се повреди, Варди дотрча да ја прекине играта (ВИДЕО)

Eкипите на Лестер и Саутемптон денеска играат натпревар од Премиер лигата кој нема никакво резултатско значење бидејќи и двете екипи веќе ги загубија шансите за опстанок, но оваа средба привлече внимание поради еден интересен момент.

Имено, фудбалерот на Лестер, Џордан Ајев несекајќи го повреди судијата на натпреварот Дејвид Веб. Напаѓачот на „лисиците“ враќајќи се назад со лакт го удри Веб кој се сруши на теренот.

Во тој момент Џејми Варди дотрча до него и свирна со цел да даде знак играта да биде прекината.