Tилеманс го „реши“ Фулам, Астон вила не се откажува од ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон вила славеа минимална победа од 1-0 над Фуилам и така останаа во игра за место во Лигата на шампионите наредната сезона.

Човек на одлука во денешниот натпревар беше Јури Тилеманс кој погоди во 12. минута. Тилеманс најдобро се снајде во шеснаесетникот на Фулам по еден корнер на Мекгин и со главва го матираше противничкиот голман.

Видовме во продолжение по некоја прилика и на двете страни, но резултатот не се промени, па бодовите ги освоија домаќините.

Астон вила сега со 60 бода е седма, но со ист број на бодови со Нотингем и Челси, Њукасл е четврти со 62 со тоа што Челси и Њукасл допрва треба да ги играат своите натпревари од 35. коло. Фулам од друга страна е осми, меѓутоа веќе заостанува осум бода зад денешниот противник.

Фото: Aston Villa FC/FB