Младинците на Пелистер го добија „најлесниот“ можен ривал на Ф4 од ЛШ во Келн!

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер ќе игра против данскиот ГОГ Гудме во полуфиналето на завршниот турнир од младинската Лига на шампиони, што ќе се одржи во јуни во Келн, „реши“ денешната ждрепка во просториите на ЕХФ.

Ова е прво учество за македонскиот клуб на елитниот младински ракометен собир во „Ланксес Арена“. Битолчани обезбедија пласман на Ф4 турнирот по две сигурни победи на квалификациите во Букурешт – најпрво го декласираа полскиот Киелце, а потоа го совладаа и домаќинот Динамо Букурешт.

Во второто полуфинале ќе се сретнат гигантите Веспрем и Барселона, а победниците од двете средби ќе се борат за титулата на континенталниот шампион.