
Ракитиќ: Титулата со Хајдук би ми значела повеќе од сѐ што имам освоено со Барса!
Оваа изјава доаѓа во пресрет на дербито против Динамо Загреб, кое се игра во сабота од 16 часот и се смета за клучен дуел во трката за првак на ХНЛ.
„Ова е лудило! Но мора да биде позитивно лудило за нас. Сето ова треба да нè зајакне. Нема друга опција, се оди максимално! Оваа сезона и титулата ми се поважни од сè што сум освоил со Барселона, нема откажување ниту каење“, гласи пораката што ја објави популарна Инстаграм страница на навивачите на Хајдук, пренесувајќи комуникација со Ракитиќ.
Фудбалерот истата објава ја сподели на својот Инстаграм профил, со што ја потврди нејзината автентичност. Тој во интервју за шпанската Мадио Марка изјави и дека е подготвен еден ден да се врати во Севилја, клубот каде остави силна трага во кариерата.
„Се надевам. Сите во клубот го имаат мојот број. Не ми остануваат уште 10 години фудбал. Сите знаат колку го сакам клубот и градот. Без разлика на функцијата, секогаш сум подготвен да се вратам и да помогнам. Секогаш сум достапен за Севилја и се надевам дека претседателот еден ден ќе ме повика“, додаде Ракитиќ.
Екипите на Хајдук и на Ријека на четири кола до крајот на ХНЛ го делат првото место на табелата со по 56 бодови, додека Динамо Загреб има еден бод помалку.
ФОТО: X / @ivanrakitic