Дончиќ донира 5.000 долари за обнова на уништен мурал на Коби Брајант (ФОТО)

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант загина во 2020 година во пад на хеликоптер, по што беа изработени голем број мурали низ „градот на ангелите“.

Неодамна беше уништен еден од најпознатите мурали на легендарниот кошаркар, по што словенечката ѕвезда Лука Дончиќ донира 5.000 долари за негова обнова.