„Има луѓе кои не веруваат во нас, но ние сме ПСЖ и одиме по пехарот во ЛШ“

Францускиот шампион ПСЖ славеше во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) со 1-0 на гостувањето кај Арсенал, а наградата за играч на натпреварот ја доби Витиња.

Португалецот беше најдобар на теренот, а по средбата кажа дека е задоволен со настапот и верува дека ќе се борат за пехарот во елитното натпреварување.

„Ова беше одлична вечер за нашиот тим. Поголемиот дел од натпреварот го контролиравме. Моравме да се прилагодиме на различни ситуации и успеавме во намерата. Постојат луѓе кои не веруваат во нас, но не се грижиме за тоа. Имаме одлични навивачи, ние сме ПСЖ“, кажа Витиња.

Реваншот меѓу ПСЖ и Арсенал се игра на 7 мај на „Паркот на принцовите“ во Париз.