
Тонали се враќа во Серија А и ќе игра за ривал на Милан!?
Поранешниот фудбалер на Милан е главна цел на Јувентус за летниот преоден рок, но „Старата дама“ ќе мора да плати 80 милиони евра ако сака да го купи Тонали.
Јувентус, сепак, има друга идеја, односно во трансферот планира да го вклучи Душан Влаховиќ или Даглас Луиз за да ја намали цената за италијанскиот фудбалер.
Фото: EPA PHOTO