Циркус во Мадрид: Босанец се закани дека ќе му удри шлаканица на противникот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Дамир Џумхур и Матија Белучи во првото коло од мастерсот во Мајами го одбележа вистински циркус на теренот.

Џумхур победи со 4-6, 6-4 и 6-2, меѓутоа беше нервозен поради еден потег на Белучи. Босанецот почна да се кара со судијата и се закани дека ќе го напушти теренот ако му биде признат поенот на ривалот, по што побара видео-проверка.

Босанскиот тенисер потоа на својот тренер му кажа дека сака да му удри шлаканица на Белучи на крајот на мечот.

Видеото од драмата може да го погледнете ТУКА.