Фудбалер се криел под кревет, додека му ги киднапирале сопругата и детето

Еквадорскиот фудбалер Џексон Родригез пријавил во средата дека му биле киднапирани сопругата и петгодишното дете.

Киднаперите влегле во нивниот дом во потрага по фудбалерот, кој на инспекторите им кажал дека се сокрил под креветот.

„Киднапирањето се случило околу три часот наутро“, објави началникот на полицијата Едисон Родригез.

Родригез ѝ открил на полицијата дека ги забележал разбојниците како влегуваат во сиво возило и заминуваат од локацијата.