
Де Брујне останува во Англија за да му се одмазди на Манчестер сити!?
Де Брујне неодамна кажа дека е разочаран затоа што не му била понудена нова соработка, по што почнаа шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија, но сега во битката за неговиот потпис се вклучија Астон вила и Челси.
Премиерлигашите наводно се подготвени да му понудат двегодишен договор на Белгиецот и се надеваат дека Де Брујне ќе реши да остане во Англија и да го пренесе своето искуство во новиот клуб.
Де Брујне игра за „граѓаните“ од 2015 година, откако претходно го носеше дресот на Волфсбург, Вердер Бремен, Челси и Генк.