Крај на една ера: Варди по 13 години го напушта Лестер! (ВИДЕО)

Искусниот англиски фудбалер Џејми Варди потврди дека на крајот на сезоната го напушта Лестер сити, со кој најголемиот успех го постигна во сезоната 2015/16 кога ја освои Премиерлигата.

Варди пристигна во Лестер во 2012 година од Флитвуд таун и веднаш стана омилен меѓу навивачите на „лисиците“.

Напаѓачот привлече голем интерес по освојувањето на англиската лига со Лестер, меѓутоа реши да им остане верен на „лисиците“ без разлика на милионите кои му ги нудеа гигантите.

Лестер оваа сезона испадна од елитата, па од следната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип-лигата, а Варди ќе си бара нов тим.