Барселона е на голем тест - пристигна примамлива понуда за Рафиња!

Шпанските медиуми во изминатите денови пишуваа дека Барселона е подготвена да продаде еден од најдобрите фудбалери, Рафиња, доколку пристигне примамлива понуда.

Рафиња е лидер на каталонскиот гигант оваа сезона, а наводно Барселона би можела да го продаде ако пристигне понуда над 80 милиони евра.

Бразилецот се поврзуваше со екипи од Премиерлигата, меѓутоа прв чекор направи Ал-Хилал, кој испратил понуда од 80 милиони евра за Рафиња.